Macedonian English
Call Now +389 70 363 282 

МАКДОМЕН

МАКДОМЕН

  • Дома
  • Веб Дизајн
  • Хостинг
  • Портфолио
  • ЧПП
  • Контакт

Политика на приватност

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и слични прописи, www.makdomen.com e посветена на сочувување на приватноста и заштитата на личните податоци на посетителите на оваа страница.
При посетата на интернет страницата која е предмет на оваа политика на приватност не се прибираат никакви лични податоци!

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да добиеме податоци за Вашите потреби како да Одберете го пакет за Ваши потреби, хостинг и контакт, за да можеме полесно да комуницираме.

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Баратели и други физички лица во врска со поднесување на барања, и други форми за аплицирање (Побарување на пакет за Вербстрана, Хостинг, Анкета, Контакт и слично).
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Категории на податоци кои се обработуваат

Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната www.makdomen.com;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања во формите за аплицирање (Побарување на пакет за Вербстрана, Хостинг, Анкета, Контакт и слично).

Како  ги собираме личните податоци

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната www.makdomen.com, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица.

Објавување на лични податоци

На интернет страницата www.makdomen.com, може да бидат објавени податоци и фотографии, кои по својата природа се најчесто јавни. Доколку субјектот на личните податоци утврди дека податоците се неточни т.е. сака да бидат корегирани или отстранети од интернет страната, може да побара нивно корегирање, односно бришење согласно со Процедурата за право на пристап, исправка и бришење на личните податоци.

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци при електронско пополнување на формите за аплицирање (Барање за упис, Барање за вработување, Анкета, Контакт и слично)
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

Ако сметате дека начинот на кој www.makdomen.com ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање преку нашата веб страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:

Марио
емаил: makdomen@gmail.com
телефон: 070/363-282

ПОЛИТИКА НА КОЛАЧИЊА

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер, таблет или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.   

Зошто се користат колачиња (cookies)?

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) се користатт?

Се Користат постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Време на чување на колачињата (cookies)

Колачињата (cookies) се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката, односно 60 дена, додека самите не ги избришете или автоматски не се избришат.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете во историјата во Вашиот пребарувач или да ги блокирате.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна.


 

  • English English
Макдомен © 2020. Сите права се задржани