Услугите на макдомен не смеат да се искористуваат за нелегална трговија – продавање, купување или понудување и изнудување на било какви илегални работи, вклучувајќи пиратерија, илегални субстанци, Оружје и др.

Исто така, не се дозволени порнографски содржини, испраќање на спам пораки, говор или јазик истакнати на веб-страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација.

Било каква дистрибуција на материјал кој прекршува авторски права или права на регистрирани знаци, како видеа и музика кои не се авторизирани, е забранет и корисникот ќе биде одстранет веднаш штом биде забележан од администраторите,
или доколку има реакција од корисникот на авторските права.

Исто така Макдомен зазема силен став за нулта толеранција на детската порнографија, содржината што се смета дека е детска порнографија или детска експлоативна содржина.
Било која веб-страница која ќе биде пронајдена и е домаќин на детска порнографија, линк до детска порнографија или експлоатативна содржина, ќе биде суспендирана веднаш без предупредување.

Купените си-панели не е дозволено да се препродаваат на трети лица. Доколку се утврди дека се препродаваат исти ќе бидат суспензирани.

Макдомен го задржува правото, но не е задолжен, да ги проверува и регулира содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење, да ги отстрани корисничките сметки или пак да одбие доставување на услуги.

Сите корисници доколку се смета дека ги злоупотребуваат услугите на хостингот, или се поврзани со нелегални активности, се подложени на надгледување и контролирање од страна на овластени лица – администратори на макдомен или пак надлежни лица од владини институции .

Мрежата е направена да се користи и за праќање на емаил пораки. Меѓутоа во колку сакате да пратите повеќе од 500 пораки во еден момент нема да ви биде дозволено и ќе се третира како несакана или спам. Во некои случаи и ако пратите помалку од 500 пораки а резултира во низа поплаки до нас ние ќе ја третираме како несакана или спам.

Во колку сакате да праќате пораки за комерцијални цели или слично пронајдете провајдери кој го овозможуваат тоа (како на пример Mailchimp) или други.

Доколку било кои од овие услови бидат прекршени, страната по автоматизам ќе биде исклучена директно од серверот.

Овој правилник се однесува на сите кои ги користат нашите услуги, и има за цел да спрчат незаконски активности или евентуални злоупотреби на серверите, почитувајќи ги правата за слобода на говор и изразување ако не се нанесува штета на други лица, заштита на интегритетот и приватноста на корисниците, како и обезбедување на сигурност и стабилност на мрежата.

Со почетокот на користењето на нашите услуги, корисникот ги прифаќа правилата за однесување во правилникот, што подразбира дека нема да врши дејанија кои со овој правилник се дефинирани како неприфатливи за користење на нашите услуги.

Макдомен не е одговорна за тајноста или приватноста на податоците пренесени преку нашата мрежа, што значи дека корисниците се должни сами да ги заштитат своите податоци.

Со почит Макдомен